Алиоски се договорил со турски гигант – ќе замине бесплатно од Лидс?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Турските медиуми објавија дека македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски ќе замине од Лидс на крајот на сезоната и ќе се пресели во Галатсаарај.

Според медиумите во Турија, Алиоски наводно веќе потпишал пред-договор со Галатасарај, но ја замолил екипата да не објавува повеќе детали до крајот на сезоната.

Алиоски не ја прифатил понудата на Лидс за да ја продолжи соработката со премиерлигашот затоа што не ги задоволувала неговите апетити, па по четири години ќе си замине од екипата.

Причината поради која потпишал за Галатасарај е тоа што понудата била најдобра за разлика од конкуренцијата, а Алиоски не сака ништо да се објави до крајот на сезоната за да избегне гневни реакции кај навивачите на Лидс.

Алиоски сезонава постигна два гола и има една асистенција на 32 меча.