Алиоски заминува од Англија и се сели во Турција?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските медиуми објавија дека Езгјан Алиоски ќе си замине од Лидс јунајтед на крајот на сезоната затоа што нема да добие нов договор.

Алиоски се покажа одлично во екипата на Марсело Биелса, но веќе неколку меча ги игра од клупата и тоа дополнително ги подгреа шпекулациите.

Алиоски неодамна изјави дека кога само тој би се прашувал би останал во Лидс, но изгледа нема позтивен одговор од спротивниот табор.

Прв фаворит за потписот на македонскиот репрезентативец изгледа е Галатасарај. Фатих Термим кој го предводи турскиот гигант сериозно е заинтересиран да го доведе Алиоски.

Во Инстанбул Алиоски би пристигнал како замена за Марсело Сарачи кој е на позајмица до крајот на сезоната.

Ова не е првпат името на Алиоски да се поврзува со Галатасарај и додека беше отворен зимскиот преоден рок се пишуваше дека овој тим може да испрати понуда за Алиоски.