Алисон по повредата против Норич се огласи на Твитер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во првото коло од новата сезона во Премиерлигата, Ливерпул славеше на домашен терен со 4-1 против Норич.

Ливерпул полесно од очекуваното стигна до победата, но навивачите не беа пресреќни по дуелот, откако на средината на првото полувреме се повреди првиот голман Алисон Бекер.

Алисон при исфрлање на една топка се повреди и веднаш побара медицинска помош. Откако бразилскиот голман остана да лежи на теренот замолче целиот стадион и беше јасно дека станува збор за посериозна повреда.

По големата поддршка која ја доби преку социјалните мрежи, Алисон реши да се огласи преку Твитер.

„Ви благодарам на поддршката. Ќе се вратам најбрзо што можам и посилен од било кога“, порача Алисон.