Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ракометарите на Алкалоид славеа со 22-21 против Вардар во плејофот на Суперлигата и така го сопнаа актуелниот шампион на патот кон титулата.
Алкалоид имаше водство во текот на целиот натпревар, а посебно во првото полувреме кога ракометарите на Кире Лазаров стигнаа до 12-6, по што „црвено-црните“ до полувреме намалија на 10-13.
Во вториот дел Вардар почна да се буди и за првпат направи пресврт и го презема водството (21-20). Сепак, Алкалоид ги искористи грешките на шампионот во завршницата и стигна до голема победа.