Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓
Изјавите на Карлос Алкарас „дека понекогаш се чувствува како роб на тенисот и дека сака да ужива и во животот“, како и „дека сака на свој начин да дојде до врвот“, прилично остро ги коментираше неговиот 37-годишен сонародник Роберто Баутиста:
„Не верувам дека Карлос ќе освои гренд слем ако оди на спиење во седум наутро. Тенисот на максимално ниво бара многу. Сега му е сè убаво, бидејќи е млад, но дали сака да постигне што постигна големата тројка играјќи 15 години на извонредно ниво. Го сметам за многу паметен тенисер. Убеден сум дека малку по малку ќе разбере што му е потребно за да биде на неопходното ниво – го посоветува некогаш деветтиот тенисер во светот.
Баутиста е еден од ретките Шпанци што подобро игра на тврди подлоги отколку на бетон. Од 15 меча против Новак Ѓоковиќ, сите три победи ги забележа на бетон. Сега е на 55. место во светот и полека ја привршува кариерата.
Фото: Принтскрин