Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Карлос Алкараз го совлада Матео Беретини и обезбеди место во четвртфиналето на гренслем-турнирот Вимблдон.
Беретини го освои првиот сет, по што следеше пад во играта кој го искористи Алкараз и го прегази ривалот во следните три сета.
„Гладен сум за титули. Минатата година загубив на Вимблдон во осминафинале, а сега сум во четвртфинале, но не мислам тука да застанам. Мојот сон е да играм во финалето и да ја освојам титулата. Се надевам дека тој сон ќе го остварам оваа година“, кажа Шпанецот.