Алкараз го освои Мајами и урна рекорд на Ѓоковиќ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз дефинитивно е новата ѕвезда на светскиот тенис, откако славеше во финалето на Мастерсот во Мајами со 2-0 во сетови, односно 7-5 и 6-4 против Каспер Руд.

Младиот Шпанец го постигна најголемиот успех во кариерата и го урна рекордот на Новак Ѓоковиќ, па на 18 години и 333 дена стана третиот најмлад тенисер кој освоил турнир од серијата 1000.

„Не можам да опишам како се чувствувам. Имам неверојатен тим, среќен сум поради победата во Мајами“, кажа Алкараз.