Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Шпанскиот тениски ас Карлос Алкараз, пред својот натпревар против Севиља, го посети кампот на фудбалерите на Реал Мадрид, каде имаше можност да се сретне и да поразговара со членовите на првиот тим на најтрофејниот европски фудбалски клуб.
Како трет тенисер на АТП-листата, Алкараз доби топло добредојде и чест да се сретне со главниот тренер на „кралскиот клуб“, Карло Анчелоти. Во духот на добрата атмосфера, Алкараз не пропушти да се пошегува:
„Ако ви треба играч, подготвен сум да играм. Можете да ме користите на позиција крило,“ изјави тој со насмевка, предизвикувајќи позитивни реакции кај присутните.
По посетата на тренинг кампот, Алкараз замина кон стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во друштво на легендарниот бразилски репрезентативец и поранешен играч на Реал Мадрид, Роберто Карлос. И таму продолжи шегата за неговиот потенцијален фудбалски ангажман:
„Можам да играм како лево крило и потоа да влезам во внатрешноста за да нападнам кон голот на противникот,“ додаде Алкараз, демонстрирајќи го својот хумористичен пристап и љубовта кон фудбалот.
.⚽✖️🚗✖️🎾
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) December 24, 2024
👉 @CarlosAlcaraz
👉 @Oficial_RC3#RethinkTheGame | @BMWEspana pic.twitter.com/qFPjxWVhSH