Алкараз го симна Ѓоковиќ од тронот на АТП-листата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз полесно од очекуваното го совлада Данил Медведев во финалето на Индијан Велс и го симна Новак Ѓоковиќ од тронот на АТП-листата.

Медведев загуби по само два сета, откако Алкараз со неверојатна игра стигна до 6-3 и 6-2 и така се искачи на првата позиција.

Алкараз во моментов има 7.420 бодови на првата позиција, по што следи Ѓоковиќ со 7.160 бода, додека трет е Стефанос Циципас со 5.770 бода.

Ѓоковиќ не игра на турнирите во САД, односно на Индијан Велс и Мајами, па поради тоа остана без можност да освои нови бодови и да го брани врвот.