Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го совлада Феликс-Оже Алијасим со 3-0 во сетови и се пласира во четвртфинале, а следен противник му е Стефанос Циципас, но во разговор со медиумите зборуваше за Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ сè уште е главен фаворит за титулата на Ролан Гарос, иако нема добри резултати од почетокот на оваа сезона.
„Среќен сум за пласманот во четвртфинале на Ролан Гарос. Против Ѓоковиќ е тешко да играте на секоја подлога. Од првиот до последниот удар мора да дадете сè од себе. За него е нормално да остане фокусиран во секој поен, додека за другите тенисери е речиси невозможно“, кажа Алкараз.