Алкараз: Имам шанса да го симнам Ѓоковиќ од тронот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ќе игра на турнирот во Пекинг, а негова желба е наскоро да го симне Новак Ѓоковиќ од врвот на АТП-листата.

Ѓоковиќ во моментов има големо водство пред Шпанецот, но и брани голем број бодови до крајот на сезоната.

„Мислам дека Ѓоковиќ наскоро ќе брани бодови, односно 700-800. Со тоа што играм на овие два турнири, додека Новак одмара, имам можност да му се приближам. Тоа ми е најважно. Затоа ќе играм во Пекинг и Шангај. Имам шанса да се вратам на првото место“, кажа Алкараз.