Алкараз кажа колку време ќе паузира по повредата во Рио


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз вчера го предаде првиот меч на Рио Де Жанеиро поради повреда, по што мораше да направи магнетна резонанца.

Алкараз го повреди зглобот и резултатите од тестовите покажале дека не станува збор за сериозна повреда, односно ќе има краток одмор.

„Направив магнетна резонанца на мојот зглоб. По средбата со мојот доктор беше констатирано дека истегнувањето е од втор степен и поради тоа мора да одморам неколку дена. Се гледаме во Лас Вегас и Индијан Велс“, објави Алкараз.