Алкараз му одржа лекција на Херис на Ју-Ес Опен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз славеше со 3-0 во сетови против Лојд Херис и се пласира во третото коло на Ју-Ес Опен.

Алкараз го доби првиот сет со 6-3, по што во вториот беше уште подобар и славеше со 6-1, додека во третиот Херис даде отпор за конечни 7-6.

Во следното коло се пласира и Данил Медведев, кој со 3-1 во сетови, односно 6-2, 6-2, 6-7 и 6-2 беше подобар од Кристофер О’Конел од Австралија.