Алкараз на 12 години открил кој му е идол – не бил Надал!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Талентираниот шпански тенисер Карлос Алкараз ги воодушеви сите со неговите настапи оваа година, а посебно на турнирот во Мадрид кој го освои по победата против Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев.

На социјалните мрежи се појави интервју од Алкараз кога имал само 12 години, а интересно е тоа што им кажал дека идол му е Роџер Федерер, иако многумина сметаа дека тоа е Надал.

Исто така, Алкараз откри дека омилен турнир му е Ролан Гарос, но и дека сон му е да ги освои турнирот во Париз и Вимблдон.

Ова сезона тој освои четири титули, и тоа во Барселона, Рио де Жанеиро, Мајами и Мадрид, а во моментов е на шестата позиција на АТП-листата.