Алкараз направи хаос на САД Опен! Поради бизарна причина ги обвини организаторите (Видео)

Последниот Гренд слем на сезоната започнува, најдобрите тенисери во светот имаат последни подготовки пред почетокот на САД Опен, турнир на кој многу играчи сакаат да го освојат трофејот и на најдобар можен начин да ја завршат годината.

Сепак, сега Карлос Алкараз имаше една непријатна ситуација, а сѐ беше предизвикано од поставените камери на тренингот. Шпанецот од самиот влез на теренот беше незадоволен и покажуваше на нив, па потоа ги повика организаторите и ги обвини дека се поставени.

Причината беше затоа што неговите противници можат да ја гледаат неговата игра, како и да ја слушаат тактиката која ја подготвува во тој момент.

.