Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз призна дека сè уште не му е јасно како успеа да го освои Ролан Гарос.
Минатата недела Алкараз стана трет најмлад тенисер со пет Грен слем титули, откако го надигра Јаник Синер по пет сета и пет и пол часа игра.
Италијанецот имаше три брејк и воедно меч топки на 2:1 во сетови, но не успеа да ги искористи ниту својот сервис гем што следеше.
“Сè уште го гледам мојот телефон, медиумите и ги гледам снимките од дуелот против Синер и како успеав да спасам меч топки. Навистина ни самиот не разбирам како победив. Сè уште сум во шок кога сфатам што сè успеав. Сè уште не сум сосема свесен дека сум шампион на Ролан Гарос”, рече Алкараз.
По Париз се упати за Ибица.
“Беше забавно, три дена и три ноќи. Доволно. Искрено, бев таму повеќе ментално отколку физички. Најлудото што го направив беше што останував многу доцна надвор. Малку и играв, но ништо повеќе од останатите”, заклучи Алкараз.
Фото: Принтскрин
.