Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот Карлос Алкарас го победи Томи Пол во осминафиналето на Австралија Опен.
Шпанецот славеше со резултат 7:6 (6), 6:4, 7:5, по два часа и 37 минути игра.
Ова беше осма меѓусебна средба на овие двајца играчи, шестата победа на Алкарас, петта по ред.
Неговиот следен противник ќе биде победникот од дуелот Александар Бублик – Алекс де Минор.















