Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз му го остави првото место на Новак Ѓоковиќ на АТП-листата на крајот на годината, откако загуби на почетокот на Мастерсот во Париз.
Алкараз во интервју за италијанските медиуми кажа дека сака да го надмине Ѓоковиќ по бројот на недели поминати на првото место на АТП.
„Би сакал еден ден да го надминам неговиот рекорд. Сè може да се надмине. Во спортот нема невозможни работи. Порано или подоцна се рушат рекорди. Ѓоковиќ, Надал и Федерер го променија спортот, но сметам дека сè е достижно, иако тешко ќе биде да се освојат 14 титули на Ролан Гарос како Надал“, кажа Алкараз.