Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Карлос Алкараз ја воодушеви светската јавност со неговите одлични настапи, меѓу кои беше и тој во Мадрид, каде што ги елиминираше Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев.
Иако неодамна наполни 19 години, сепак Алкараз е еден од главните фаворити да го наследи тронот од српскиот тенисер.
Ѓоковиќ по поразот од младиот Шпанец кажа дека Алкараз во моментов е најдобар тенисер во светот, а слично мислење има и Зверев.
Алкараз во големо интервју за медумите кажа дека за него Ѓоковиќ е број 1 во светот и така ќе остане.
„За мене најдобар во светот е Ѓоковиќ, а јас сум шести. Ми останаа уште пет позиции за да станам најдобар во светот. Ме импресионираше сервисот на Ѓоковиќ, затоа што не можев воопшто да го прочитам“, вели Алкараз.