Алкараз пред мечот против Ѓоковиќ: Не сакам да се повтори Ролан Гарос!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ќе се бори против Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон и ќе се обиде да му се одмазди на Србинот за поразот на Ролан Гарос.

Алкараз ќе се обиде да ја освои втората титула на гренслем-турнирите, додека Србинот ја „лови“ 24. титула на истите турнири.

„Ќе се обидам да одиграм без нервоза. Не сакам да се повтори Ролан Гарос кога бев нервозен во првиот сет од мечот против Ѓоковиќ. Ќе се подготвувам поинаку и сигурен сум дека ќе бидам подобар“, кажа Алкараз.