Алкараз призна дека татко му го шпионирал Ѓоковиќ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз игра одлично во последно време и делува дека ќе биде незапирлив во иднина ако продолжи вака.

Алкараз во полуфиналето на Вимблдон ќе игра против Данил Медведев, но неговиот татко веќе заминал да го шпионира Новак Ѓоковиќ, кој е фаворит за титулата.

„Најверојатно е вистина. Мојот татко е голем тениски љубител. Тој не ги гледа само натпреварите кои ги играм јас, туку и на другите тенисери. Доаѓа на теренот во 11 часот, а заминува во 22 часот. Сигурно имал можност да гледа и тренинг на Ѓоковиќ“, вели Алкараз.

Претходно медиумите го нападнаа Алкараз дека намерно го испратил татко му да го шпионира Србинот.