Алкараз: Ривалите мора да страдаат за да ме победат!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз игра сè подобро и делува дека нема конкуренција, освен Новак Ѓоковиќ.

Алкараз има само 20 години и веќе освои два гренслема и се надева дека ќе освои уште многу пехари во текот на кариерата.

„Имав важни ситуации во минатото, чувствувам дека имам искуство да ги надминам. За да ме победат, ривалите ќе мора да играат подобро и да страдаат. Да трчаат повеќе на теренот“, кажа Алкараз.

Алкараз е еден од кандидатите за титулата на Ју-Ес Опен, каде што конкуренција му е Новак Ѓоковиќ.