Алкараз: Ролан Гарос е одличен турнир, но сакам олимписко злато!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер и најголем конкурент на Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкараз ги кажа своите планови за продолжение на сезоната во 2023 година.

Алкараз планира да настапи на Ролан Гарос и да ја нападне титулата, но вели дека поважно за него е да го освои олимпиското злато во Париз.

„Би сакал олимписка титула затоа што за мене е сон да ѝ донесам медал на мојата татковина. Олимпиското злато е една од најголемите работи во спортот. Ролан Гарос е одличен турнир и ќе се обидам да го освојам, но нема да се чувствувам лошо ако не го кренам пехарот“, кажа Алкараз.

Ролан Гарос е закажан за период од 20 мај до 9 јуни оваа година, додека Летните олимписки игри ќе се одржат од 26 јули до 11 август.