Алкараз се откажа од Базел и му направи услуга на Ѓоковиќ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз пропушти уште една шанса да му се приближи на Новак Ѓоковиќ на врвот на АТП-листата.

Алкараз има проблеми со стапалото и затоа нема да игра на турнирот во Базел, па така нема да може да освои нови бодови.

Ова значи дека прави чекор наназад во трката со Ѓоковиќ бидејќи ќе настапи само на Мастерсот во Париз и завршниот турнир во Торино.

Ѓоковиќ во моментов има предност од 2.240 бодови и ќе брани многу повеќе поени од неговиот ривал, но потребни се катастрофални резултати за да го загуби врвот.