Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Карлос Алкараз, младиот шпански тенисер, триумфираше во Монте Карло, освојувајќи го својот прв трофеј на овој престижен Мастерс турнир. Тој постигна неверојатен пресврт против италијанскиот тенисер Лоренцо Музети. Иако го загуби првиот сет, Алкараз се врати во играта со импресивно издание и на крајот победи со резултат 3-6, 6-1, 6-0.
Натпреварот започна оптимистички за Музети. Тој, и покрај загубата на својот прв сервис-гем, успеа да се стабилизира со два брејка и поведе со 3-1, затворајќи го сетот сигурно во своја корист со 6-3.
Сепак, од тој момент натаму сцената ја презеде Алкараз. Во вториот сет влезе со многу поголема енергија и самодоверба, освојувајќи последователно пет гема (5-0) и заврши со убедлива победа од 6-1. Доминацијата продолжи и во одлучувачкиот трет сет каде што младиот Шпанец не му дозволи ниту еден гем на својот противник, победувајќи со максимални 6-0.
Фото: Принтскрин