„Алкараз заслужи да е прв, но жално е тоа што му забранија на Ѓоковиќ да игра“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карлос Алкараз славеше во Индијан Велс и се врати на првото место на АТП-листата, иако ситуацијата сигурно ќе беше поразлична доколку Новак Ѓоковиќ добиеше шанса за настап во САД.

Рускиот тенисер Данил Медведев по поразот од Алкараз кажа дека Шпанецот заслужил да биде прв на АТП-листата, но смета дека голема штета е тоа што Ѓоковиќ мора да пропушти дел од турнирите.

„Не одиграв најдобро. Не знам зошто беше така. Разочаран сум од резултатот, но одиме понатаму. Мислам дека Алкараз е заслужено прв на АТП-листата, но жално е тоа што Ѓоковиќ не може да игра на сите турнири“, кажа Медведев.