Алонсо ги составува коцките: Лев бек од Шпанија и голман од Португалија за страшниот Челси?!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Челси продолжува да се засилува, а следниот новодојденец ќе биде левиот бек – Пеп Чаварија.

Оваа вест ја потврди Фабрицио Романо кој тврди дека Челси ќе плати 19.000.000 евра, но и дополнителни бонуси кои не се познати.

Пеп Чаварија има 28 години, во прашање е Шпанец кој никогаш не играл надвор од границите на татковината, а во Рајо пристигна од Сарагоса летото 2022 година за 1.800.000 евра.

Чаварија во дресот на Рајо Ваљекано одигра 125 натпревари, постигна два гола и додаде осум асистенции, а минатата сезона беше еден од важните во походот кон финалето на Конференциската лига.

Сепак, се работи за играч не со многу голем реноме ако се погледне неговата целокупна кариера, бидејќи до својата 28-ма година никогаш не добил повик за репрезентацијата, дури ни во помладите категории.