Алонсо по историската титула: Чест ми е што сум дел од Баер Леверкузен!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Баер Леверкузен по 120 години конечно стана шампион на Германија, откако во 29. коло славеше со убедливи 5-0 против Вердер Бремен.

Леверкузен ја прекина доминацијата на Баерн Минхен во Бундеслигата, а тренерот Чаби Алонсо кажа дека е среќен поради успехот.

„Сè уште не сум свесен за сè. Сè уште треба да сфатам што постигнавме. Чест ми е што сум дел од Баер Леверкузен. Ова ни е прва титула во историјата“, кажа Алонсо.