Алонсо: Рано е да зборуваме за титулата, тоа ќе биде главна тема во мај!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баер Леверкузен славеше во дербито против Баерн Минхен со 3-0 и така направи чекор напред кон титулата во Бундеслигата.

Чаби Алонсо вели дека сè уште е рано да се зборува за пехарот, иако има солидна предност пред актуелниот германски шампион.

„Бевме одлични против Баерн. Дисциплината си го направи своето. Имаме одличен тим и енергија. Не постои тајна, туку овие фудбалери веруваат во успех и сакаме да победиме. За нашите шанси за титулата е рано да се зборува, но тоа ќе биде главна тема во мај“, кажа Алонсо.