Алонсо со болидот удри во ѕид со 300 км/ч и се одби на спротивната страна (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо ужива во Ф1 пензијата и ги вози трките кои ги сака. Во моментов е во Индијанаполис, кадешто на 26 мај ќе се обиде да стане „бесмртен“, така што ќе ја освои наградата во Монако, Ле Ман и Инди 500.

Меѓутоа, тренингот за Инди 500 помина многу лошо за Шпанецот, зашто тој се одбиваше од ѕидовите на патеката како флипер топче.

Не го почна најдобро остварувањето на сонот да застане рамо до рамо со големиот Грејм Хил и да стане втор возач во историјата, кој ги обединил трите титули на трите најголеми трки во три тотално различни шампионати.

Со огромна брзина Шпанецот излета од еден свиок и го закачи ѕидот, а потоа се одби дијагонално кон другиот, па од тој замина во спротивниот, кадешто застана, но неговиот болид беше уништен.

Драмата траеше неколку секунди, зашто 37-годишниот возач не му се јавуваше на тимот, но тој набрзо без никакви проблеми излезе од возилото.