Алушовски го потврди првото засилување на Вардар и порача: Желба ми е да создадеме македонско-страснки тим


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски во поткастот на „Балкан- хендбол“ откри кои се неговите планови за тоа како ќе изгледа тимот во иднина.

Јасна е желбата на Алушовски следната сезона да се задржи костурот на играчите кои настапуваа досега, а потврди и дека со сите е разговарано и тие дале свои понуди кои сега се разгледуваат.

„Желба на клубот е играчите кои беа тука во овие тешки времиња да останат. На состанокот Михајло го изнесе своето и кажа дека тој буџет кој што беше е нереален и дека играчите мора нешто да намалат. Играчите дадоа свои понуди и сега тоа се разгледува“ –изјави Алушовски, а потоа го потврди и првото засилување на вардарци за следната сезона во името на Дмитри Санталов и најави по кои други играчи ќе се тргне.

„Јас прво реков дека играчите кои беа тука треба да останат. тука мислам на Дибиров, Чупиќ, Стоилов, Калараш, Дисингер. Имаме договор со Санталов кој доаѓа на лев бек. Тука се и Мишевски и Борко. Сакам да го доведам Никола Митревски за кој мислам дека нема се завршено со Порто, а моја визија е да остане и Толедо. Сакам да се направи македонско-странска комбинација, да се врати и Георгиевски, но нека дојде 15-20 мај за да се дознае буџетот. Јас имам желби, милиони играчи се нудат на Вардар, имам нешто зацртано, но повторно ќе речам, се зависи од буџетот за следната сезона“ –изјави Алушовски.