Алушовски: Кјелце знае како е да се игра во Скопје, се надеваме на победа!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вардар ќе игра тежок натпреварот против Кјелце во четврток во Лигата на шампиони, а тренерот Стевче Алушовски верува дека може да извлечат добар резултат.

Алушовски вели дека може да освојат нови бодови доколку Вардар игра како против Фленсбург и Порто.

„Имаме двајца ракометари со мали повреди, Ловро Јотиќ и Филип Талески, но ќе бидат подготвени за натпреварот. Очекуваме тежок натпревар против првиот тим во групата, кој е незгоден и составен од поранешни ракометари на Вардар, меѓу кои се Карачиќ и Душебаев“, вели Алушовски.

Алушовски вели дека клучот на играта на Вардар треба да биде играта во одбрана.

„Очекуиваме два меча со Кјелце, а јас се надевам дека ќе одиграме како против Фленсбург и Порто“, вели тој.