Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вардар загуби од Мешков Брест со 32-36 во последниот натпревар од групната фаза во ракометната Лига на шампиони и така „црвено-црните“ останаа на седмата позиција и за противник во осминафинале го добија Веспрем.
Поранешниот првак играше катастрофално во одбрана, а Алушовски вели дека овој меч треба да биде лекција, а најави и промени.
„Сакам да им честитам на Мешков за победата. Добро го почнавме натпреварот се до 5-5, а потоа направивме некои грешки кои се недозволиви на натпревар од Лигата на шампионите, и на тоа ќе мора да поработиме во иднина. Не бевме на ниво на задачата во одбрана, посебно во првиот дел кога примивме 20 гола. Беше тешко да се вратиш во мечот по осум гола негатива. Мислам дека оваа година многу работи ќе мора да се сменат ако сакаме добри резултати. Ова нека биде голема лекција за сите нас“, кажа Алушовски.