Алвес призна дека можно било да се врати во Барселона: „Го посакував тоа, но тогаш почнав да размислувам…“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилскиот репрезентативец Дани Алвес летово го напушти тимот на ПСЖ како слободен играч и одлучи да се врати во својот дом каде што потпиша за Сао Паоло.

Алвес 16 години играше во Европа со одлични резултати, а најголема трага остави во Барселона каде што помина осум сезони. И покрај тоа што неодамна го прослави својот 36. роденден тој и понатаму е во одлична форма а тоа го докажа на Копа Америка.

Летово не сакаше да потпише нов договор со ПСЖ и одлучи како слободен играч да го напушти клубот. Многумина беа сигурни дека ќе остане во Европа или дека ќе се врати во Барселона, но на крај Алвес одлучи дека е време да се врати во Бразил.

Искусниот фудбалер призна дека имал контакт со Барселона и дека бил и тоа како заинтересиран за да се врати во Барса, но во последен момент се одлучил дека тоа нема да го направи.

„Имав прилика да се вратам во Барселона оваа година и тоа навистина го посакував. Сепак, почнав да размислувам и се запрашав, што ново би можел јас да донесам во тој тим, дали тоа би ми помогнало да станам подобра личност или подобар играч. Затоа одлучив да се откажам од враќањето во Барселона“, изјави Алвес.