Алвеш стигна во Торино


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Стигна десниот бек на бразилската репрезентација на “Чизмата“, каде што го очекува потпис на договор со шампионот.

Јуве уште порано го „капираше“ Дани Алвеш, а утре треба да се „увери“ соработката меѓу Бразилецот и шампионот на Италија.

Алвеш стигна денеска во Торино, медицински прегледи и потпишување на договор се закажани за утре, а официјално претставување за вторник.

Бразилецот е на одмор, откако го заврши учеството со репрезентацијата на Бразил на Копа Америка Сентенарио. Бразил испадна уште во првата фаза од натпреварување, како после три кола собра четири бода, а понатака отидоа Перу и Еквадор.
Десниот бек во редовите на Барса е уште од сезоната 2008/09 година, кога на Ноу Камп дојде од Севиља.