Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Њукасл со промена на газдата ќе стане најбогатиот клуб во Премиерлигата. Еден од плановите на амбициозниот тим е ангажирање и на Набил Фекир, кој беше голема желба минатата година на Челси и Ливерпул.
Фекир на крајот заврши во Бетис, а неговиот трансфер беше полн погодок затоа што одигра неколку врвни натпревари, па привлече повторно интерес од гигантите.
Откупната клаузула за 26-годишниот фудбалер изнесува 100 милиони евра, па Бетис сигурно нема лесно да се согласи на негова продажба, односно ќе се обиде да заработи што е можно повеќе пари од неговиот трансфер.
Фекир не е единствен фудбалер на листата со желби на Њукасл, откако претходно со клубот од „Сент Џејмс Парк“ беа поврзувани неколку фудбалери, меѓу кои Едисон Кавани, Дрис Мертенс и Калиду Кулибали.