Американците поуспешни во големата драма: Турција секунди ја делеа од историска победа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фантастичен меч одиграа САД и Турција, која беше на прагот на историска победа, откако водеше со 81-79 на 10 секунди до крајот, но не успеа да победи.

Во самиот финиш од регуларниот дел од мечот, Татум доби три слободни фрлања, но едно промаши, по што следуваше продолжение.

Турција водеа со 92-91 на 30 секунди пред крајот на продолжението, но потоа САД се врати, откако поведе со 93-92. Последниот напад го имаа турските кошаркари, но не успеаа да погодат за три поени.

Кемба Вокер постигна 14 поени во победата на САД, додека во редовите на Туција најдобар беше Ерсансо 23 поени и 14 скокови.