Американка поради бизарно правило ќе остане без парите од Ју-Ес Опен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американската тенисерка Фиона Кроули ќе остане без наградата од 81.000 долари кои ги заработи на Ју-Ес Опен оваа година поради бизарно правило.

Кроули за да ги земе парите мора да стане професионалец и така ќе го загуби правото да студира на Универзитетот во Северна Каролина.

Според правилата на Универзитетот, студентите не можат да заработат награди поголеми од 10.000 долари од спортски успеси.

„Никогаш не би ја земала наградата за да го ризикувам факултетот. Се измачив оваа недела“, кажа тенисерката.