Американка загуби, па порача: Сега за вас сигурно сум дебела свиња и ќе ми се заканувате!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американската тенисерка Шелби Роџерс беше поразена од страна на 18-годишна Британка која на Ју-Ес опен уште нема загубено ниту еден сет.

По поразот, Роџерс кажа каква реакција очекува од навивачите, односно призна дека очекува навреди и закани.

„По победа е убаво да си во центар на внимание, но сега ќе имам девет милиони закани и кој знае уште што. Можете да минете низ мојот профил, веројатно сум дебела свиња и уште многу работи“, кажа Роџерс.

Роџерс кажа дека би сакала социјалните мрежи воопшто да не постојат, но дека таа на нив мора да има профил поради спонзорите.