„Американците не се непобедливи“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За златниот медал на ОИ во Бразил ќе се борат САД и Србија, а за бронзата Шпанија и Австралија.

Најверојатно тоа ќе биде последен меч кој за “црвената фурија“ ќе го одигра одличниот Пау Гасол.

Интересно, Гасол во дресот на Шпанија трет пат по ред е поразен од САД.  Пекинг, Лондон, Рио.

Американците во полуфиналето славеа со 82:76.

Гасол беше централна фигура во составот на Шпанија, но самиот не можеше против САД. Сите останати благо речено одиграа слабо во мечот на одлука.

„Американците не играа добро како некои поранешни нивни тимови, но и понатака делуваа талентирани индивидуално. Имам чувство дека можевме да ги победиме. Но, лошо ги градевме позиции под кош, топката бавно се движеше, немаше поени од транзиција, застана и шутот…Жал ми е бидејќи игравме против тим кој е непобедлив“, рече Гасол после мечот.