Амрабат го посетил претседателот на Фиорентина и направил инцидент!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мароканскиот репрезентативец Софијан Амрабат до последниот момент од преодниот рок се обидуваше да ја убеди Фиорентина да го пушти во Барселона, но тие не се согласија на такво нешто.

Амрабат се изнервира поради одлуката на раководството, па завршил во канцеларијата на претседателот на Фиорентина каде што направил инцидент.

Мароканецот му кажал некои работи на претседателот поради кои би можел да зажали во иднина, меѓутоа Амрабат очигледно не се грижел за тоа.

На фудбалерот му се заканува и казна од клубот поради недолично однесување и може да биде суспендиран до крајот на сезоната.

Фиорентина бараше од Барселона во договорот да вметне откупна клаузула, меѓутоа каталонскиот гигант не можеше да го направи тоа поради финансискиот фер-плеј.