Анчелоти: Бевме подобри од Барса, требаше да победиме


Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Ова е трета победа на Барселона против Реал оваа сезона, го совлада веќе во Ла Лига и во финалето на Суперкупот, а на Мадридчаните сега сериозно им се заканува сезона без трофеи, што за претседателот Флорентино Перез е незамисливо. Во домашното првенство се на -4 од Барса на пет кола до крајот, додека од Лига на шампионите се елиминирани лесно од Арсенал во четвртфиналето.

Тренерот на Реал Карло Анчелоти, на кој и покрај сите успеси во Мадрид му се тресе клупата, смета дека неговиот тим беше подобар противник на стадионот “Ла Картуха” во Севилја и дека само недостатокот на среќа влијаеше да на крајот остане без триумф.

Сите можеа да уживаат во овој натпревар, а јас навистина мислам дека мојот тим беше подобар на теренот. Можеби не бевме на висина на задачата во првото полувреме, но во продолжението на играта бевме доминантни. Навистина мислам дека не би било незаслужено да победивме, бидејќи тоа го заслуживме со игра и немам што да им замерам на моите играчи“, рече Анчелоти и додаде:

Секако дека сме тажни што вака заврши, но не можам да се лутам на никого. Имавме јасен план како сакаме да играме и токму така се однесувавме на теренот.

Фото: Принтскрин