Анчелоти бираше меѓу – титулата во ЛШ и Килијан Мбапе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид на 28 мај во Париз се надева дека ќе ја освои титулата во Лигата на шампиони (ЛШ), но тоа нема да биде лесно затоа што во финалето ќе се бори против Ливерпул.

На прес-конференцијата беше поставено интересно прашање за Карло Анчелоти, а новинарите од него побараа да избере меѓу освојување на ЛШ и ангажирање на Килијан Мбапе.

„Ако ме прашуваат фановите за Мбапе? Не. Мислам дека сите наши цели се фокусирани на финалето во ЛШ. За Мбапе не размислувам, наша цел е да се освои трофејот“, кажа Анчелоти.

Што се однесува до Мбапе, неговата иднина ќе биде наскоро позната, но шпанските медиуми пишуваат дека веќе се договорил со шпанскиот шампион.