Анчелоти ги кажа добрите и лошите страни на Јовиќ откако блесна на дебито на Фиорентина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот напаѓач Лука Јовиќ се пресели во Фиорентина, а на неговото деби постигна четири гола и тоа е повеќе отколку што даде за Реал Мадрид во период од три години.

Во Фиренца очекуваат многу од 25-годишниот голгетер на кој ќе му треба да ја врати формата затоа што со години имаше проблеми.

Јовиќ никогаш не доби вистинска шанса во нападот на Реал Мадрид затоа што Карим Бензема игра на неверојатно ниво.

Тренерот Карло Анчелоти даде коментар за Јовиќ кој за 29 минути постигна четири гола против Реал Виченца.

„Тоа е одличен напаѓач, а посебно е силен во казнениот простор. Ако биде мотивиран, ќе игра одлично во Фиорентина, сигурен сум. Кои му се недостатоци? Многу е мрзелив, му треба мотивација“, вели Анчелоти.