Анчелоти ги загуби нервите: Јас решавам кој ќе шутира, пеналот не беше за Родриго!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид ја оствари третата победа во шпанската Ла Лига оваа сезона, откако синоќа славеше со 1-0 против Селта виго.

Џуд Белингам го постигна единствениот гол на мечот, иако „кралевите“ имаа шанса од пенал за уште еден погодок, но Родриго го изнервира тренерот Карло Анчелоти.

Родриго изнуди пенал, по што ја зема топката да шутира, иако не беше прв избор за изведување на удари од белата точка.

„Фудбалерите немаат слобода да решаваат кој ќе шутира. Му кажав на Валверде дека Модриќ мора да го шутира пеналот“, кажа Анчелоти.