Анчелоти го откри составот за Елче: Бејл ќе игра, Бензема и Куртоа се во – аут!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид денеска тренираше со најголем дел од своите фудбалери, а недостигаа Мариано, Валјехо, Асенсио и Куртоа, а тренерот Карло Анчелоти потврди дека ќе го одмори и Карим Бензема во осминафиналето на шпанскиот Куп против Елче.

Анчелоти кажа дека за првпат минутажа би можел да добие и Герет Бејл, кој последен пат заигра во август 2021 година.

„Во ред е, тој не патуваше со нас во Саудиска Арабија, туку тренираше тука и ќе биде во екипата“, кажа Анчелоти за Бејл.

Меѓутоа не се очекува да биде во стартниот состав, туку ќе влезе од клупата за резерви, доколку воопшто добие шанса.

Анчелоти потврди дека нема да може да смета ниту на Куртоа поради приватни причини, но кажа дека нема да имаат проблеми против Елче затоа што на нивниот гол ќе застане Лунин.