Анчелоти го отпиша Јовиќ, ама ќе му даде шанса на друг фудбалер во Реал Мадрид!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид има нов тренер, а тоа е Карло Анчелоти, кој се враќа во Мадрид каде што во минатото беше две сезони.

Анчелоти пристигна во Мадрид и веќе размислува за следната сезона, односно за фудбалерите на кои ќе смета во борбата за трофеи.

Шпанските медиуми откриваат дека Лука Јовиќ повеќе нема да има место во „кралскиот клуб“, но затоа Анчелоти ќе му даде шанса на Еден Азар, кој не се прослави по неговото пристигнување.

Азар пред две години стигна како големо засилување, но засега не се исплатеше и имаше проблеми со повреди, вишок килограми и ужасна форма.

„Сите во Реал Мадрид знаат што ќе донесе Анчелоти. Тој освојуваше трофеј во Лига на шампиони со овој тим, познава многу фудбалери во нашата екипа. Се знае дека тој е човек со големо искуство и се надевам на успех“, кажа Азар.