Анчелоти го пронајде „кртот“ во соблекувалната на Реал Мадрид?

Некој од фудбалерите на Реал Мадрид во јавност често открива како ќе играат против ривалите, па медиумите пред време ги објавуваа составите.

Тимот на Карло Анчелоти славеше со 3-1 во Лондон против Челси и дојде на праг до полуфинале, а Карим Бензема постигна хет-трик.

Меѓутоа пред натпреварот Анчелоти не беше расположен затоа што некој го објавил составот пред воопшто тој да ги соопшти официјално.

Слично нешто се случуваше и во декември минатата година, а новинарите Мигел Ангел Дијаз добиваше информации за составот, па никој досега не знаеше кој е „кртот“.

Шпанските медиуми веруваат дека тоа го прави некој од поискусните фудбалери или член на стручниот штаб, а Анчелоти во моментов е очаен да го пронајде и да го казни.