Анчелоти има три големи проблеми пред новата сезона


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Реал Мадрид во новата сезона ќе ги брани титулите во Ла Лига и Лигата на шампиони, но тренерот Карло Анчелоти се соочува со три проблеми.

Еден од најголемите проблеми на „кралевите“ е одбраната, односно клубот не планира да купи ниту еден дефанзивец, иако се поврзуваше со неколку играчи.

Вториот проблем за Анчелоти е незадоволството на украинскиот голман Андриј Лунин, кој ќе го загуби местото меѓу стативите поради Тибо Куртоа.

Уште еден проблем за италијанскиот стратег е нападот, односно има премногу напаѓачи и најверојатно ќе мора некој од фудбалерите да биде продаден до крајот на летниот преоден рок.