Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Реал Мадрид гостува кај Кадиз во 14. коло од Ла Лига, а тренерот Карло Анчелоти има сериозни проблеми бидејќи голем дел од фудбалерите се повредени.
„Кралевите“ останаа без Винисиус Жуниор, Едуардо Камавинга, Родриго, Чуамени, Куртоа и Кепа, па во ваков случај одговорноста мора да ја преземат најискусните во тимот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Анчелоти имал состанок со Модриќ на кој му испратил моќна порака.
„Сега е моментот кога треба да ми покажеш дека грешам и треба да играш повеќе“, му кажал Анчелоти на Модриќ.
Натпреварот меѓу екипите е закажан за утре од 18.30 часот.